Најчести прашања за пробиотиците
Дали Bulardi може да се употребува истовремено со антибиотици?
Една од клучните предности на Bulardi® probiotik е што во својот состав не содржи бактерии, туку пробиотски квасец Saccharomyces boulardii. Благодарение на овoj факт, антибиотиците не можат да го ослабат дејството на производот, па може да се користи истовремено со сите антибиотици.
Bulardi® пробиотик ја штити цревната флора за време на терапија со антибиотици и спречува можност за појава на антибиотска дијареа.
До појава на дијареа предизвикана од антибиотици доаѓа поради тоа што антибиотиците покрај тоа што ги уништуваат лошите бактерии можат да ги уништат и добрите бактерии. Ако се наруши природната рамнотежа во цревниот тракт и штетните бактерии надвладеат, доаѓа до појава на чести, течни празнења на цревата.
Како Bulardi пробиотик ја спречува дијарејата?
Bulardi® пробиотик има силно антимикробно дејство – врзува патогени микроорганизми (бактерии, вируси, паразити) ја помага нивната елиминација од организмот и на тој начин создава оптимални услови за обновување на цревната микрофлора; (дејствува на широк спектар на причинители – бактерии, вируси, паразити, и ги елиминира од организмот), делува анти-токсично (дезинтегрира токсини на причинители и ги елиминира, спречувајќи да се врзат за рецепторите), анти-инфламаторно (намалува воспаленија), дејствува заштитно на ѕидот на цревата и помага да се регенерира оштетен цревен епител.
Дали Bulardi може да го употребуваат деца?
Bulardi® пробиотик е потполно безбеден да го употребуваат деца веќе од вториот месец на животот.
Особено се препорачува употребата на препаратот Bulardi® пробиотик јуниор бидејќи е единствениот пробиотик на пазарот кој може да го користат деца веќе од два месеци старост, а да содржи и пробиотик и цинк. Оваа комбинација не само што го решава проблемот со дијареата, туку може да се користи и превентивно, за зајакнување на локалниот имунитет.
Докажано ефикасна доза од 5 милијарди култури Saccharomyces boulardii во рекордно време ги нормализира работата на цревата, ги ублажува тегобите и го скратува траењето на дијареата, а цинкот ја намалува тежината и траењето на дијареата, а дополнително го зајакнува имунитетот. Bulardi® пробиотик јуниор особено се препорачува за деца кои престојуваат во колективи (јасли, градинки, училишта) бидејќи спречува можност за појава како на дијареа, така и на други инфекции.
Дали е Bulardi пробиотик безбеден за употреба?
Bulardi® пробиотик е потполно безбеден за употреба. Се користи повеќе од 80 години како решение за сите типови на дијареа (пролив). Поради бројни клинички студии и искуства на пациенти кои ја потврдуваат неговата ефикасност и безбедност, Европското друштво на педијатри гастро-ентеролози, хепатолози и нутриционисти (ESPHAGAN) го препорачува S. Boulardi како прв избор во терапијата и превенцијата на дијареа.
Важно: За магнезиум стеарат се шпекулира дека кај педијатриската популација во одредени случаи може да биде токсичен. Изоставувањето на оваа состојка од составот на проиѕводот, се исклучува можноста за ризик, и се обезбедува потполна безбедност на производот Bulardi® probiotik junior.
Дали со помош на Bulardi e возможно да се спречи појава на дијареа на патувања и на кој начин?
Можно е, ако 5 дена пред патувањето земате Bulardi® пробиотик и продолжите да го земате додека сте на пат.
Колку долго можам да го земам Bulardi?
Bulardi нема никакви несакани ефекти, така што можете неограничено долго да го земате.
Дали морам да земам Bulardi со храна?
Bulardi можете да го земате пред, по и за време на оброк – без разлика.
Имам проблеми со голтање на капсули, можам ли да ја испразнам содржината на капсулата Bulardi и да ја земам со храна или сок?
Се разбира, отворете ја капсулата, растворете ја содржината и испијте ја или измешајте ја со храна.
Како да го дозирам Bulardi пробиотик-от?
Во случај на дијареа: 1 капсула наутро и 1 капсула навечер
Со антибиотици: 1 капсула дневно
Пред патување: 1 капсула дневно, пет дена
За време на патувањето: 1 капсула дневно
Деца до 12 години: 1 капсула дневно
Што од храна и пијалоци смее да се дава на дете кое има пролив?
Клучот за лекување на дијареа е во тоа да вашето дете надоместува течности. Мајчиното млеко, формулата или оралните раствори се најдобрите решенија за тоа. Исто така, лесно сварливи намирници ќе помогнат стомакот на вашето дете да биде среќен. Препорака е во тие неколку дена да се избегнува кравјо млеко, бидејќи може да ја влоши состојбата и да предизвика уште посилен пролив.
Кога треба да се користи Bulardi® junior?
Bulardi® probiotik junior е докажано ефикасен во решавање на бројни цревни проблеми, но најчесто се користи при:
- Дијареа
- Патничка дијареа
- Дијареа предизвикана од антибиотици
- Превентивно за зајакнување на имунитетот, особено кај деца кои престојуваат во колективи.
Како треба да се зема Bulardi® пробиотик јуниор?
Bulardi® probiotik junior се произведува во капсули и во ќесички. За помали деца, родителите можат да го измешаат прашокот од ќесичката со вода, млеко, сок или мека храна (како јаболка). Препорака е да се зема по 1 капсула дневно.
Колку долго децата можат да го користат Bulardi® пробиотик Јуниор?
Bulardi® probiotik junior може да се зема секој ден, но најчесто се зема кога ќе започнат симптомите, па се до нивното запирање. Се препорачува да му дадете на детето Bulardi® за деца уште со првиот антибиотик и да престанете штом заврши терапијата со антибиотици. За оние кои сакаат да ги заштитат децата од патничка дијареа, се препорачува земање на пробиотикот Bulardi® за деца 5 дена пред почетокот на патувањето и за време на патувањето.
Превентивната употреба на пробиотикот Bulardi за деца се препорачува особено на деца кои престојуваат во колективи за да се зајакне имунитетот и да се спречи можноста од појава на дијареа, како и други инфекции.
Дали Bulardi® пробиотик Јуниор треба да се чува во фрижидер?
Bulardi® probiotik junior се произведува со посебен процес на лиофилизација, па не мора да се чува во фрижидер, што го прави идеален за патувања.