ваШИОТ МИКРОБИОМ
Ваша приказна
Погледај повеќе
Микробиомот
Човечкиот микробиом е импресивен екосистем составен од стотици трилиони микроорганизми кои живеат во симбиоза во човечкото тело. Овие микроорганизми може да се најдат на површината на кожата, во цревата, устата итн… Цревниот микробиом е особено важен бидејќи многу влијае на здравјето на луѓето.
Бактерии
Луѓето ги перцепираат бактериите првенствено како непожелни микроорганизми. За неопходноста од „добри“ бактерии во организмот, говори и фактот дека во дигестивниот тракт на здрава личност живеат дури 300 до 500 различни видови бактерии, кои како отпечаток од прст го дефинираат секој од нас. Бројот и видот на „добрите“ бактерии се дефинирани според генетскиот материјал што го наследуваме, нашата исхрана, начин на живот и околината.
Различност
Застапеност на одреден број, на одреден тип на бактерии е специфичност на човечкиот микробиом. Секое отстапување во бројот и видот на бактериите негативно влијае на здравјето на луѓето. Затоа е важна различноста од една страна, а рамнотежата од друга. Прифаќајќи ги научните претпоставки за микробиомот, развиваме пробиотици врз основа на специфичен тип и број на пробиотски микроорганизми.
Промени
Обликувањето на микробиомот е тековен процес кој започнува уште пред раѓањето. Во текот на животот се менува, како што се менува секое живо суштество. Со цел да одговориме на потребите на човечкиот микробиом за различни возрасти, развиваме формулации за сите возрасти…