Дупла снага во само една капсула
Стариот и добар пријател Bulardi пробиотик, сега во дуплирана доза, со додаток на витамин D3.
10 милијарди клетки S.boulardii
1000 И.Е. витамин D3
Придонесува за подобрување на имунолошкиот одговор во борбата против вируси, бактерии и нивни токсини
Ја зголемува стапката на ерадикација на H.pylori
Уникатно за него, ја намалува стапката на повторување на најтешките болнички инфекции предизвикани од Clostridium difficile
Bulardi® 500 е единствен препарат на нашиот пазар кој содржи двојно поголема доза на пробиотската култура S. boulardii, со додаток на витамин D3 во оптимална доза.
Зошто овој производ е значаен за време на пандемија со коронавирус?
Значаен е, бидејќи пробиотиците делуваат на имунитетот. Взаемното дејство меѓу цревата и имунолошкиот систем е познато со години. Популарно се вели дека цревата се “втор мозок”, бидејќи 70-80% од клетките на имунолошкиот систем се наоѓаат токму во дигестивниот систем.
Имунолошкиот систем на цревата е најголем систем за одбрана во нашето тело. Со создавање на секреторен имуноглобулин IgA во цревата – се формира високо ефикасна заштита, која го штити организмот од патогени и опасни страни микро-организми, и така се зајакнува имунитетот на организмот.
Во случај на нарушена цревна функција, нашиот имунолошки систем ослабува и нашето тело станува чувствително на сите патогени, вклучувајќи ги и вирусите.
Здравите црева можат да го поддржат и ојачаат нашиот имунитет, како и да спречат инфекции.
Дополнително, благотворниот ефект на витамин Д врз имунитетот долго време е познат. Идејата за воведување на оваа иновативна комбинација во производот Bulardi® 500 е првенствено во превенција и лекување на најтешките форми на инфекции од клостридии во болнички услови и ерадикацијата на хеликобактер. Клиничката пракса покажа дека кај пациентите со ниски нивоа на витамин Д во крвта, се забележала помала стапка на излекување, повеќе компликации и поголем број на повторувачки инфекции.
Затоа, препорака е да се зема Bulardi® 500 секојдневно, во подолг период, бидејќи го враќа потребниот баланс во цревната микрофлора и така влијае на имунитетот.
За време на пандемија, споредувајќи ги сите мерки за превенција, засилете го вашиот имунитет одржувајќи баланс во вашите црева со двојна доза S. boulardii и витамин D3.
Дејство и индикации
Улогата на витаминот Д3 е особено важна во одржување на имунитетот и борбата против инфекции! Недостаток на витамин Д3 докажано отежнува излекување од инфекции како што се H. pylori и Cl. difficile. Кај пациенти заразени со Cl.difficile и ниски нивоа на витамин Д3 во крвта, дијарејата трае подолго (6 дена, во однос на 4 дена) и постои двојно поголем ризик од сепса! Ниското ниво на витамин Д3 во сурумот е присутно во поголема мера кај пациентите кај кои ерадикацијата на H.pylori не успеала, и се смета за еден од факторите на ризик за неуспех на терапијата. Затоа препаратот Bulardi 500 со додаток на витамин Д3 се смета за оптимален при инфекции како Cl. difficile и H. pylori.
Дозирање
Возрасни и деца, од втор месец на животот:
1 капсула дневно
Светските препораки се дека во третманот на Cl.diffcile инфекцијата, Bulardi 500 треба да се користи во траење од 4 недели во доза од 2 x 1 капсула дневно (вкупно 1г).
Напомена:
- Препорачуваме трудници, доилки и лица со централен венски катетер да се консултираат со својот лекар пред употреба.
Несакани ефекти:
- Непознато
- Нема познати интеракции со други лекови.