Искуства на корисници

Даница, 69 години.

Јас се викам Даница, имам 69 години. Од јули 2014. година секојдневно пијам по една капсула Bulardi®. Поради моите основни болести, лежев во КБЦ ‘’Др Драгиша Мишовић’’ во Белград, каде ми дијагностицираа инфекција со Clostridium difficile и веднаш ми пропишаа s. Bulardi. Проблемот се реши брзо.

Bulardi® е одличен, ми ја регулираше столицата и сега се чувствувам подобро. Од тогаш ми се подобри имунитетот и немам повеќе тешки компликации како претходните години. И натаму го препорачувам секому Bulardi®, бидејќи навистина е најдобриот пробиотик.

Пензионер, 83 години од Младеновац.

Долги години страдам од дијабетска ентеропатија. Се лекував со антибиотици, Ерцефлор, пробиотици, Стрептоксазол, Лоперамид и ништо не ми помогна.
Во континуитет имав по неколку ретки столици во текот на денот. Докторката ми препорача Bulardi® и после 5-6 дена користење, почнав да имам по 2-3 редовни столици дневно.

Пензионерка, 78 години од Белград.

После доживеана перфорација на цревото, бев успешно оперирана во Хитната помош во Белград. Недолго по операцијата, почнав да патам од дијареа. Направив анализа на столицата и ми открија Кандида и Стафилокок. Бидејќи користев антибиотици, постоеше сомнеж за инфекција со Клостридиум, што може да биде многу опасно. Мојата ќерка е лекарка и ми купи Bulardi®, ми препорача да го земам 20 дена, по една капсула секој ден, а ако не се подобрам, да ја зголемам дозата на 2 x 1 капсула. Земав по една капсула дневно. Bulardi® ми помогна многу брзо, столицата ми се регулираше, па дури и немаше потреба да зголемам доза.

Машко, 69 години, Ниш

Пред три години мојот сопруг беше опериран. Му имплантираа три бајпаси. Операцијата помина добро, но потоа кога го префрлија во Белград, во болница, доби дијареја која траеше непрекинато четири месеци и не знаеја што да прават. Неговата тежина се спушти на 70 кг, ослабна за скоро 20 кг. Потоа премина во Ниш и лежеше во инфективната болница. По извесен период, самоволно излезе од болницата. Набрзо доби температура. Неговите денови се сведуваа на тоа што го поминаше целиот ден во тоалет. Наместо да лежи и одмара, цел ден се мачеше со непрекинати стомачни проблеми. На сето тоа, се плашеше да оди на рехабилитација, што му препорачаа лекарите, бидејќи се плашеше да не го „протера“. Еден ден купив списание каде што прочитав текст за предавањето на професорот „Dr Krstić“ на темата стомачни проблеми/нервозен стомак, нередовна столица, дијареа…. Го контактирав мојот доктор и добив препорака мојот сопруг да почне со препаратот Bulardi® 3х2 капсули, за да ја стопира дијареата, а потоа да користи и Flobian, 1х1 дневно. После само неколку капсули Bulardi®, дијареата потполно се стопираше, а со Flobianot ја смири својата стомачна состојба и сега, „да не чуе злото“, нема повеќе никакви проблеми.

Машко, 18 години.

Скоро месец дена имав чести столици (5-6/ден) и губев на тежина. Испитувањата на копрокултура и кандида во столицата – наод негативен. Гастро-ентеролошката дијагностика, со посебно хепатолошко испитување поради позитивна семејна анамнеза, ја исклучи можноста за органско заболување. Од терапија ги испробав сите пробиотски производи за кои сум слушнала, но и понатаму имав пролив. По препорака на мојата братучетка, докторка, започнав со употреба на Bulardi® пробиотик капсули (2×1) и веќе третиот ден имав нормално формирана столица. Продолжив со употреба на Bulardi® капсули во текот на 15 дена, а кога состојбата целосно се стабилизираше, започнав со употреба на Flobian капсули. Испив 2 кутии, сега се чувствувам одлично, а си ја повратив и мојата тежина.

Жена, 29 год., лекар.

Пред неколку дена имав температура од 39 степени, мачнина, повраќање и дијареа (4/5 столици на ден). Мислев дека никогаш нема да престане, а наредниот ден имав многу важен ден и морав да бидам на работа. Наутро кога станав, сè уште беа присутни сите симптоми. Испив една капсула од препаратот Bulardi® пробиотик. Повеќе немав столици тој ден, работев (но со покачена температура), навечер испив уште една капсула од препаратот Bulardi® Пробиотик, за секој случај, и проблемот со дијареата се реши.

Маж, 70 год.

Оперирав тумор на мочен меур, по што ме упатија на хемотерапија и зрачење. Во текот на терапијата добив дијареа и веднаш од докторката и урологот добив совет да пијам Bulardi® пробиотик во доза од 2×1 капсула на ден. Состојбата брзо се подобри, а дијареата целосно престана по 7 дена примена на препаратот Bulardi® пробиотик.

Жена, 78 год.

Во последните осум месеци имам дијареа и тоа 3 до 4 водени столици дневно. Ми ги спроведоа сите испитувања и се исклучи органско заболување. Наодот од копрокултурата беше уреден, но дијареата беше упорна и изгубив 15 кг. Од терапија не ми препорачаа ништо, освен совети за исхрана и рехидратација. По секој оброк следуваше дијареа, па на крајот избегнував и редовна исхрана. Престанав да излегувам од дома и да одам по доктори, за да не ме „протера“. Кога ме виде ќерката после некое време, беше изненадена од мојот изглед („само коски и кожа, само очи останале, психички изменета“). Набргу по почетокот на примената на препаратите Bulardi® (1×1 капсула на ден) и Flobian (1×1 капсула на ден) дијарејата се стопираше. Продолжив со започнатата терапија и набргу почувствував желба, а и храброст, да јадам нешто, без страв дека веднаш по оброкот ќе имам дијареа. Сега, 3 месеци од почетокот на примената на препаратите Flobian и Bulardi®, се чувствувам многу подобро, празнењето е регулирано, добив 3,5 кг во тежина, „ми се врати бојата на лицето“, расположена сум, редовно шетам и на сите им зборувам за терапијата која ме спаси.

Маж, 67 год.

Се лекувам од дијабетес (јуvenилен). Поради компликации на основната болест, ми беше ампутирана потколеницата и се движам отежнато или со помош на други лица. Скоро имав дијареја (дијабетичен ентероколитис), неколку течни столици во текот на денот, а одењето до тоалетот секој час ми претставуваше голем проблем. Од докторката добив совет да пијам Bulardi® капсули. Испив 2 x 1 капсула на ден и дијарејата се заustави истиот ден.

Маж, 70 год., пензионер

По инвазивната дијагностика и операција на простатата, примав антибиотска терапија, по што ми се јави дијареа со примеси на крв и слуз во столицата. Почнав со примена на препаратот Bulardi® и тоа во доза 2×1 капсула на ден и празнењето брзо се регулираше. Дијареата се запре и сега во столицата нема примеси на крв и слуз.

Маж, 46 години, дипломиран инжењер биохемије.

Имам синдром на раздразнето црево, Кронова болест, како и тромбофлебитис (забранета ми е примена на анти-коагулантна терапија). Редовно ја земам мојата терапија за М. Крон (5 ASA), но сега бев во фаза на егзацербација, со изразени крвави и слузави столици, проследени со метеоризам. Од докторката добив препорака најпрво за Bulardi®, а кога столиците се проредија и регулираа, почнав со примена на Flobian, сето време користејќи ја мојата редовна терапија. Сега се чувствувам многу подобро, немам ни метеоризам, а на контролата кај докторката и реков „ова делува“!!!

Жена, 60 година, медицинска сестра.

По доаѓањето на работа почувствував болка во желудникот, мачнина и слабост. Добив и температура (околу 37), а попладне и 6-7 водени столици. Тој ден испив 2 капсули Bulardi® и дијареата веднаш ми престана. Следниот ден веќе се чувствував многу подобро, столицата се нормализираше и веќе вториот ден бев подготвена да се вратам на работа.

Жена, 83 години.

Пред пет месеци доживеав фрактура на карлицата. По болничкото лечење на „ИОХБ Бањица“, отидов на рехабилитација на Клиниката „др. М. Зотовиќ“. Заради новонастанатата уринарна инфекција (ми беше ставен катетер), бев долго лекувана со антибиотици. По месец дена антибиотска терапија, почнаа да ми се јавуваат водени проливи (7 столици на ден) и започнав да користам Bulardi® (2×1 капсула на ден). Испив 3 кутии од производот Bulardi® па столицата ми се регулираше. По излегувањето од болница, добив воспаление на белите дробови и повторно бев лекувана со антибиотици, после што ми се појавијаат кашести столици (не пролив). Повторно почнав да користам Bulardi® и столицата потполно ми се нормализираше. Скоро се опоравив.

Жена, 76 години.

13.10.2010. година бев оперирана на „Институт за хирургија КЦМФ” поради калкулоза на проширениот дукт на холедохусот и стеноза на папила на Ватер. Од терапија ми беше пропишан Longacef 1 грам и Garamicin 120 два пати на ден инфузија. Постоперативниот тек течеше нормално, раната зарасна без компликации, но по пет дена развив дијареа, околу десет столици на ден со болни спазми во стомакот. Дијареата, која повеќе не можев да ја контролирам, предизвика општа слабост, исцрпеност и дехидрација. Во тешка општа состојба бев повторно примена на хирургија под дијагноза на вирусен ентероколитис. Заради влошување на болеста започнав лечење со амп. Ванкомицин 1г. ампула метронидазол двапати на ден и препарат Bulardi пробиотик 2×2 капсули. Дијареата престана, од болницата бев пуштена по шест дена, но продолжив да ги земам капсулите Bulardi® пробиотик 2×2 уште месец дена. Постепено почнав да внесувам храна која ја конзумирав пред операцијата, но и во вториот месец откако ја оперирав и понатаму земав Bulardi® Пробиотик 3×1 капсула. Во третиот месец намалив на 2×1 капсула, но секоја грешка во исхраната која се изразуваше со спазми во стомакот ја решавав со зголемување на бројот на капсулите Bulardi® пробиотик. Во моментов земам само 1×1 капсула на ден и постепено ја воведувам храната која ја конзумирав пред операцијата и се чувствувам добро. Благодарам BULARDI пробиотик!
Немав повеќе никакви стомачни проблеми.
Од тогаш не останувам без капсули Bulardi пробиотик дома.

Жена, лекар, од Ниш.

Мојата ќерка има две години. Заради болеста моравме да ѝ вклучиме антибиотска терапија. Иако во тој период добиваше појачана витаминска терапија, заради употребата на антибиотици доби дијареа. За дијареата ѝ дадов една капсула Bulardi® пробиотик. Дијареата престана веќе по еден час, а во наредните денови исто така и давав по една капсула Bulardi® пробиотик. Немаше повеќе никакви стомачни проблеми.
Од тогаш не останувам без Bulardi пробиотик капсули дома.

Маж, 48 години.

Сè се случи пред важно службено патување. Болка во стомакот, чудни движења во цревата, а потоа чести и исцрпувачки столици. Секоја втора активност беше прекината. Единственото на што можев да се фокусирам беше на тоа да навреме стигнам до тоалет кога повторно ќе ми се јави потреба. И кога веќе бев сигурен дека ќе морам да го откажам планираниот состанок и патувањето, колегата ми даде две капсули Bulardi®. Набрзо потоа престанав да трчам кон тоалетот. Чувствував уште малку време непријатност во стомакот, но веќе по еден, два часа ситуацијата целосно се смири.

Навечер повторно земав Bulardi® за да бидам сосема сигурен дека проблемот нема да се врати и наутро отидов на долго планираното патување. Од тогаш го препорачувам на сите.

Маж, 27 години.

Иронијата е што работам во фирма која дистрибуира Bulardi®. Во септември се враќав од конгрес на Копаоник. Еден од главните препарати кои ги претставивме на лекарите беше баш Bulardi® . Бидејќи требаше да се вратам во Белград порано, сите примероци од производот ги оставив на конгресот. Не поминаа ни неколку километри кога ми почнаа непријатностите во стомакот. Првата бензиска пумпа, втората и така сè до Белград. Најлошото од сè беше што со мене патуваше и колешката на која на крај морав да и признаам дека имам дијареа. Штом стигнав дома, испив две капсули Bulardi®. После половина час, стомакот се смири, така што таа ноќ добро спиев. Наутро испив уште две капсули и сè беше во ред. Од тогаш, во кола секогаш имам една кутија Bulardi®… За да не ме изненади!

Маж, 38 години.

Се разбудив со болки во стомакот и грбот и итна потреба да трчам во тоалет. Сепак отидов во канцеларија поради неодложни работни обврски. На работа, агонијата продолжи. Сè уште одев многу често во тоалет и се чувствував навистина лошо. Меѓутоа, бидејќи не сум од оние луѓе кои сакаат да пијат апчиња, не можам да ги издржувам, па мислев дека проблемот ќе помине сам по себе.
Бев толку блед што колегата буквално ме натера да испијам Bulardi®. Таа ја измеша капсулата во малку вода, па јас ја испив без проблеми.
Олеснувањето дојде многу брзо, се поретко одев во тоалет и навечер, откако ја испив и втората тура, немав повеќе проблеми.
Сигурен сум дека следниот пат нема да чекам толку долго.

Bulardi користи колачиња за персонализација на содржини и анализа на посети. Почитува принципи на политиката за приватност. Повеќе информации

The cookie settings on this website are set to "allow cookies" to give you the best browsing experience possible. If you continue to use this website without changing your cookie settings or you click "Accept" below then you are consenting to this.

Close