aTECH пакување
Воведовме aTECH технологија со цел да обезбедиме дополнителна заштита на производот и понудиме највисок квалитет. Таа вклучува употреба на специјална ламинирана фолија со која секој блистер е дополнително заштитен.
- Заштита од влага
- Заштита од УВ зраци
- Заштита од кислород
Ламинираната фолија претставува апсолутна бариера за кислород, влага и светлина, кои се, покрај температурата, главни причини за намалување на активноста на пробиотскиот сој.
Покрај ламинираната фолија, за да се зголеми стабилноста на производот, односно виталитетот на пробиотските култури, додадовме и инертен гас – азот. Инјектираниот азот во aTECH амбалажата при пакирањето доведува до исфрлање на кислородот од ќесичката, што е посебно важно бидејќи пробиотските бактерии главно се анаеробни организми (осетливи на кислород).
Битно е да се знае дека контактот со кислород може да предизвика формирање на штетни метаболити кои предизвикуваат клеткина смрт, како резултат на оксидативни оштетувања.
Инјектираниот азот го отстранува кислородот и го зголемува виталитетот (преживувањето) на пробиотските микро-организми.
aTECH технологијата го гарантира декларираниот број на пробиотски клетки и по истекот на рокот на траење, што е посебно важно за ефикасноста на производот.