aTECH пакување

Воведовме aTECH технологија со цел да обезбедиме дополнителна заштита на производот и понудиме највисок квалитет. Таа вклучува употреба на специјална ламинирана фолија со која секој блистер е дополнително заштитен.

аТЕCH pakuvanje
  • Заштита од влага
  • Заштита од УВ зраци
  • Заштита од кислород

Ламинираната фолија претставува апсолутна бариера за кислород, влага и светлина, кои се, покрај температурата, главни причини за намалување на активноста на пробиотскиот сој.

 

 

Покрај ламинираната фолија, за да се зголеми стабилноста на производот, односно виталитетот на пробиотските култури, додадовме и инертен гас – азот. Инјектираниот азот во aTECH амбалажата при пакирањето доведува до исфрлање на кислородот од ќесичката, што е посебно важно бидејќи пробиотските бактерии главно се анаеробни организми (осетливи на кислород).

 

Битно е да се знае дека контактот со кислород може да предизвика формирање на штетни метаболити кои предизвикуваат клеткина смрт, како резултат на оксидативни оштетувања.

 

Инјектираниот азот го отстранува кислородот и го зголемува виталитетот (преживувањето) на пробиотските микро-организми.

aTECH технологијата го гарантира декларираниот број на пробиотски клетки и по истекот на рокот на траење, што е посебно важно за ефикасноста на производот.

Bulardi користи колачиња за персонализација на содржини и анализа на посети. Почитува принципи на политиката за приватност. Повеќе информации

The cookie settings on this website are set to "allow cookies" to give you the best browsing experience possible. If you continue to use this website without changing your cookie settings or you click "Accept" below then you are consenting to this.

Close