BULARDI® пробиотик
Побрзо - Подобро - Побезбедно:
Ги запира сите видови на дијареа
Ја елиминира причината за проблемот
Единствен отпорен на дејството на антибиотиците

Bulardi® ја запира дијареата за рекордно време, ја нормализира функцијата на цревата, ги ублажува симптомите и го скратува времетраењето на веќе постоечката дијареа!
Со својот уникатен механизам на дејство, Bulardi Probiotic ги врзува лошите бактерии за себе и ги разградува бактериските токсини, со што целосно ги елиминира предизвикувачите од цревата и ги спречува нивните штетни ефекти.
Bulardi Probiotic исклучително ефикасно спречува појава на дијареа доколку се зема превентивно. Bulardi Probiotic е целосно природен препарат кој ги елиминира лошите бактерии и нивните токсини од телото, а истовремено ја регулира киселоста, ја обновува слузницата и го зајакнува локалниот имунитет во цревата.
Една клетка од пробиотската габа во Bulardi® probiotic, има 10 пати поголема површина од пробиотските бактерии кои врзуваат за себе поголем број штетни бактерии и вируси, забрзувајќи ја нивната елиминација од телото.
1. Дијареа предизвикана од употреба на антибиотици
Дијареа се јавува скоро кај 40% од луѓето кои користат антибиотици!
Bulardi Probiotic е единствениот што може да се користи во комбинација со апсолутно сите антибиотици.
Ова го прави идеално средство во борба против дијареа предизвикана од употреба на антибиотици.
2. Дијареа додека сте на патување
Истражувањата покажаа дека Bulardi е ефикасен во спречување на дијареа при патување во 90% од случаите. Затоа се препорачува превентивно да се зема 5 дена пред поаѓање и за време на патувањето. Ако се појави дијареа, Bulardi® probiotic ќе ја прекине речиси веднаш и ќе ги намали сите непријатни придружни симптоми.
3. Против бактерии
Bulardi® probiotic ги уништува штетните бактерии и го спречува нивното таложење во дебелото црево, а ја стимулира и обновува природната цревна микрофлора, со што се намалува манифестацијата на симптомите.
4. Против токсини
- Bulardi Probiotik eнзимски ги разградува бактериските токсини, ги спречува да се врзуваат за рецепторите и на тој начин го спречува нивното штетно дејство.
- Заштитно дејство врз епителните клетки на цревниот ѕид.
- Bulardi® probiotic го намалува излачувањето на електролити, со што се нормализира излачувањето на вода и загубата на сол од телото.
- Bulardi® probiotic го забрзува разградувањето на шеќерот и на тој начин го зголемува навлегувањето на хранливите материи.
- Ги регенерира оштетените епителни клетки на цревниот ѕид и на тој начин го забрзува закрепнувањето.
- Спречува губење интегритет на епителот и навлегување на штетни микроорганизми во крвта.
- Зајакнува имунитет и го намалува воспалението.
- Bulardi® probiotic го активира одбранбениот систем во цревата и доведува до зголемување на антителата кои се борат против причинителите на дијареата. Спречува силна локална воспалителна реакција со намалување на формирањето на соединенија кои предизвикуваат воспалителна реакција.
Сите видови на дијареа
Bulardi® пробиотик во рекордно време ја стопира дијарејата, нормализира функција на црева и го намалува времетраењето на веќе постоечката дијареја. Благодарение на својот уникатен механизам на дејство, Bulardi® пробиотик ги врзува лошите бактерии и токсините за себе и на тој начин ги исфрла од организмот.
Bulardi® пробиотик има моментално дејство и докажана безбедност, затоа што е прв избор во терапијата на сите видови на дијареа!
Дијареа предизвикана од антибиотици
Во 1929 година Флеминг го откри пеницилинот. Од 1940 година пеницилинот се користи широко во пракса, што означува почетокот на ерата на антибиотиците.
Денес се забележува зголемен интерес кон постигнување на баланс меѓу така-наречените „добри“ и „лоши“ бактерии како основа за здрава цревна микрофлора. Нормалното функционирање на дигестивниот тракт зависи од здравата популација на бактерии. Колонизацијата и „опстанокот“ на овие корисни бактерии во тенкото и дебелото црево значително ја засилува неговата отпорност на цревни болести.
Претпоставката дека микрофлората во цревниот тракт има функционално влијание врз вкупната здравствена состојба ја изнесе уште на почетокот на 20 век рускиот биолог и хемичар Мечников. Постоечката микрофлора во тенкото и дебелото црево почнува да се развива веќе при самото раѓање на детето, а се смета дека кај здравите деца до втората година од животот е потполно формирана. На тој начин се создава првиот посилно стекнат одбранбен механизам кај детето, кој е исклучително важен за нормално функционирање и здрав живот од детството па сè до покасните години.
Во нормални услови, „пријателските“, добри бактерии потполно преовладуваат над лошите бактерии кои можат да му наштетат на организмот и ги држат под постојана „контрола“. Антибиотиците можат со своето дејство да го нарушат овој баланс, уништувајќи ги добрите бактерии и овозможувајќи потенцијалните причинители на болестите да се развиваат и да предизвикауваат проблеми. Секој антибиотик може да го наруши овој баланс на бактерии.
Озбилните и фатални реакции на антибиотици претставуваат екстремни состојби. Овие реакции понекогаш се јавуваат кога антибиотиците од одредени групи на лекови (како пеницилините и цефалоспорините), се земаат специфично преку уста. Во овие случаи, нарушувањето на бактериите во желудникот и цревата овозможуваат лошите бактерии да се развијат и да доминираат. Обично е тоа Clostridium difficile, кој произведува токсини кои ја напаѓаат цревната мембрана, предизвикува тешки видови на дијареа, што се нарекува псеудомембранозен колит.
Bulardi® пробиотик е единствениот кој може да се користи во комбинација со апсолутно сите антибиотици. Тој регулира дисфункција на цревниот баланс и ја стопира дијарејата во рекордно време.
Само Saccharomyces boulardii, докажано, во чак 60% од случаевите спречува понатамошна појава на Clostridium difficile инфекција, која најчесто е резултат на прекумерна употреба на антибиотици!
Дијареа при патување
Во лето обично дијареите се почести, најчесто поради високите температури и честите патувања. Високите температури се погодни за развој на микроорганизми, а дијареата може да биде предизвикана од вода, храна… При патување, дијареата може да се добие и од самата промена на водата и локалната исхрана, дури и кога се здравствено исправни. Најчесто, и храната и водата може да содржат дозволени количества на микро-организми типични за тоа подрачје, бидејќи локалното население е имуно. Затоа не е необично за време на престој во егзотични региони голем процент на туристи најмалку еднаш да добијат дијареа.
Недостатокот на хигиена е придружниот белег на многу патувања. Плоштади, пазари, штандови со храна и евтини ресторани во сиромашни земји се места со зголемен ризик од труења со храна и цревни инфекции. Како земји со голем ризик се сметаат земјите од Латинска Америка, Африка, Блискиот Исток и Азија. Климата и нивото на развиеност најмногу влијаат врз проценката на нивото на опасност.
Дијареа погодува воглавно млади и деца, додека постарите се поимуни. Причините не се сосема јасни, но се претпоставува дека старите лица во текот на животот стекнале имунитет, но и дека младите се склони кон авантуризам и ризици. Иако е почеста во првите неколку денови од патувањето, дијареата може да се појави и покасно.
Дијареата предизвикува голем губиток на течности кој треба да се надомести поради ризикот од дехидратација. Препорака е губитокот на течности да се надомести со употреба на инстант супи во ќесички кои во себе содржат и соли, со што истовремено се надокнадува и губитокот на електролити. Алкохолот недвосмислено треба да се избегнува бидејќи допринесува кон дехидрацијата.
Особено треба да се внимава на квалитетот на храната која се зема.
Треба да се чувате од сомнителни оброци кои се приготвени или продавани на отворено, а особено треба да се внимава со свежата храна. Плодовите и зеленчукот треба добро да се измијат или уште подобро да се излупат. Голем број на микро-организми се уништува со термичка обработка, затоа тогаш е многу подобро да се избере проверена варијанта и да се зема само термички обработена храна. Кога не постои гаранција за квалитетот на водата од чешма, треба да се пие флаширана вода.
Особено е важно да се одржува хигиена. Се препорачува секојдневна хигиена на телото како и избегнување на сомнителни контакти.
Сепак, подобро е да се спречи отколку да се лечи. Не дозволете дијареа да ви го уништи летувањето!
Користете Bulardi® пробиотик пет дена пред патувањето и за време на целото патување и уживајте во одморот!
Ако случајно заборавите превентивно да земете Bulardi пробиотик, а дијареата веќе ве уловила во незгодно време, Bulardi пробиотик ќе ја спречи практично веднаш и ќе ги намали сите непријатни придружни симптоми.
Немојте да дозволите единствениот сувенир што ќе го донесете од патувањето да биде дијареа!
Bulardi® пробиотик – Најефикасен против детска дијареа!
Сите форми на Bulardi® пробиотик содржат 5 милијарди пробиотски култури Saccharomyces boulardii.
- Капсулата е веганска, по потреба може да се отвори, содржината да се измеша во мала количина вода или напиток по избор и веднаш да се испие
Дозирање
| Причина | Доза |
| За акутна и хронична дијарееа | 1 капсула секое утро и 1 капсула секоја вечер |
| Со антибиотици | 1 капсула дневно за време на терапијата со антибиотици и 2-4 недели по завршувањето на терапијата |
| За дијареа при патување | 1 капсула 5 дена пред патувањето и се време на патувањето |
| За Helicobacter pylori, со стандардна терапија | 1 капсула дневно за време на терапијата и 2-4 недели по завршување на терапијата |
| За Clostridium difficile, со стандардна терапија и за спречување на рецидивите | 2 x 1-2 капсули дневно во траење од 4 недели |
| Кај воспалителни болести на цревата | 1 капсула дневно, подолг временски период |
| За засилување на имунитетот и регулација на цревната флора | 1 капсула дневно, подолг временски период |
Напомена:
- Трудници, доилки и лица со централен венски катетер се препорачува претходно да се консултираат со лекар
- При лекување на дијареа, потребно е надокнадување на течности и електролити
Несакани ефекти:
- Непознато
- Не постојат познати интеракции со други лекови